Следниот месец во Албанија ќе пристигнат над 40.000 дози вакцини од „Фајзер“
Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу најави дека според договорот со „Фајзер“, повеќе од 40 илјади дози од анти-ковид вакцината ќе пристигнат во Албанија во текот на следниот месец.
Таа додаде дека остатокот од вакцините од овој договор или околу 460 илјади дози ќе почнат да пристигнуваат на почетокот на јули, а планот за испорака треба да заврши во последното тромесечје од годинава,
Според министерката, следниот временски период ќе биде покриен со вакцини обезбедени од механизмот Ковакс и со преговори со други компании што ги води албанската влада.
– Добра вест. Со авансно плаќање од 3,9 милиони долари, Албанија е во првиот прозорец за обезбедување на анти – ковид вакцини преку механизмот Ковакс, напиша Манастирлиу на статус на Фејсбук.
Во меѓувреме во земјата продолжува трендот на раст на новозаразени со Ковид-19, кој во Албанија е присутен по новогодишните и божиќните празници. Вчера беа регистрирани нови 786 случаи, што е над 22 отсто од тестираните, починаа седум лица а оздравеа 489 лица.
Поради тоа и понатаму во сила е одлуката за полициски час кој треба е од 22:00 до 6:00, забраната за летови со Велика Британија и продолжување на онлајн настава на
универзитетите и покрај доставената петиција на студентите со која бараат настава со физичко присуство.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка