Loading Video...
Македонија
23. July 2021 - 16:41

Следните шест месеци се клучни за македонските евроинтеграции

Ние сме подготвени а кога ќе реши ЕУ да ни испорача почеток на преговори нека не побара порача премиерот Заев во интервју за Дојче Веле. По 12 позитивни препораки, а и последната оценка со највисок резултат до сега добиена од Европската комисија не прави лидери на Балканот во европеизација на земјата. Премиерот Заев истакна дека очекува Бугарија да го тргне да најдат решение во преговорите штом се формира Влада во Софија.

Вицепремиерот Димитров пред состанокот на министрите за европски прашања што се одржува во Брдо, Словенија истакна дека следните 6 месеци се клучни за сите во регионот. Според Димитров во овој период или ќе се врати кредибилитетот на ЕУ на Балканот или ќе го изгубиме. Заедничкото минато со Словенија се надоврзува на стремежот за градење заедничка европска иднина порача Димитров.

„Имајќи ја предвид нашата географија, ние сме опкружени со земји членки, треба да го направиме ова заедно со ЕУ, затоа многу се радувам на дискусијата. Секако, веројатно ќе го покренеме прашањето на пристапување и проширување. Го споменав зборот криза, тоа потекнува од етимологијата на одлучувачка точка. Мислам дека под словенечкото претседателство во следните недели и месеци ја достигнуваме оваа одлучувачка точка. Или ќе го вратиме кредибилитетот на ЕУ на Балканот, или ќе го изгубиме. И мислам дека ние навистина се потпираме на занаетот и мудроста на нашите словенечки пријатели да успеат да го постигнат тоа, а не да го изгубиме.“

- Дијалогот меѓу Бугарија и Македонија мора да продолжи за да се оствари единствената и заедничка цел, Македонија да почне преговори со ЕУ, порача Светлан Стоев кој е вршител на должноста  министер за надворешни работи на Бугарија. Смета дека емоциите се пречка и треба да се гради прагматична политика меѓу двете земји.

Стоев потенцира, доколку Димитров побара може да се види и да разговара со бугарскиот заменикот министер Александров кој учествува на состанокот во Словенија. Тој порача дека промена на Уставот на Северна Македонија е еден од начините за решавање на проблемите со бугарската заедница во земјата.