Македонија
10. October 2019 - 20:35

Словенечкиот премиер во официјална посета на Македонија

Словенија е силен поддржувач на македонските евроатлански интеграции, а државата заслужува да добие зелено светло за почеток на преговорите со Европската унија. Но, на само една недела од состанокот на европскит совет незивесен е исходот дали Македонија ќе добие датум за отворање на поглавјата, пред се поради одлуката на Париз. Ова се ставовите на премиерот Зоран Заев и неговиот словенечки колега Маријан Шарец по заедничката средба во Скопје. Двајцата премиери од билатералната средба сепак, излегоа како оптимисти дека одлуката ќе биде позитивна.

Премиерот Заев не ги гледа како пречка ниту најновите услувувања на Бугарија во идните преговори. Вели дека договорите треба да се почитуваат, и дека преку дијалог треба да се дојде до решенија. Најавува средби со бугарскиот премиер Бојко Борисов во наредните денови.

Шарец пак, не сакаше да навлегува во најновите услови од Софија, но вели дека патот до целосно членство во Унијата за сите држави бил трнлив.

Наместо на фудбалскиот натпревар Словенија – Македонија во релаксирачка атмосфера, двајцата премиери одлучија вечерта да ја поминат на македонско – грчката граница заедно со мешовитите македонско словенечки  полициски сили кои ја чуваат границата уште од времето на бегалската криза. Веруваат дека преку дипломатски пат ќе се спречи нов мигрантски бран од Сирија кон Европа.