Словенија формира кризен штаб за борба против коронавирусот
Новата словенечка Влада одлучи да се формира кризен штаб кој би ги координирал мерките во борбата против коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Со штабот ќе управува новиот премиер Јанез Јанша. Синоќа новата Влада под негово раководство одржа и итна седница на која се разговараше за дополнителните мерки во спречувањето на ширењето на заразата. Јанша и министрите на почетокот на владината седницата носеа заштитни маски кои набрзо ги извадија, а целта како што објаснија подоцна, било практично да им се покаже на граѓаните како да се заштитат од вирусот.
Во исчекување на новите бројки на лица заразени со коронавирус, кои сега се соопштуваат еднаш дневно, новиот министер за одбрана Матеј Тонин како лажни вести ги оцени информациите дека Љубљана е пред воведување на строг карантин и додаде дека новиот кризен штаб ќе прави проценка, кога, каде и како да се реагира.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени