Македонија
12. February 2019 - 16:33

Словенија го ратификуваше протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО

Со 72 гласа за и 12 против, потоколот за  влез на Македонија во НАТО денеска е ратификуван  во словенечкиот парламент.  

Против се изјаснија пратениците на левицата и националната партија, со образлоЖение дека Алијансата како империјалистичка организација која нема ништо добро да им донесе на македонските грагни. 

Спикерот на македонското собрание Талат Џафери на словенечките колеги им  се заблагодари за ратификацијата.

До крајот на оваа година Протоколот ќе биде усвоен од Парламентите на сите 29 земји-членки на НАТО..

По  Грција, Словенија  е втора земја членка на НАТО која го ратификуваше протоколот. Денеска зелено светло  за пристапниот документ даде  и комисијата за надворешна политика на албанскиот парламент ,  а се очекува тој да биде ратификуван на пленарна седница во четврток.  Веке утре  на  министерскиот состанок  во Брисел  за првпат ке присуствува  миниситерката за одбрана Радмила Шекеринска. Генералниот секретар Столтенберг  посакувајки и добредојде, порача дека ширењето на  северноатлантскиот сојуз ке го стабилизира регионот.

Постојат многу предизвици и проблеми ,  но охрабрувачки е што имаме членки како што се Хрватска, Црна Гора..... а сега и Северна Македонија.....

Шекеринска како и Димитров кој во април ке учествува на министерскиот состанок на НАТО во Вашингтон, нема да имаат право на глас се до полноправното членство во Алијансата.