Бизнис
11. May 2020 - 16:39

Сметководителите бараат продолжување на рокот за апликациите за субвенции на плата

Сметководителите бараат  за два до три дена да се продолжи рокот за поднесување на барањата за субвенција за платите од 14. 500 денари. Сметаат дека  денешниот ден не е доволен дел од нив да ги направат сите корекции за кои од УЈП биле известени во текот на викендот. Велат дека не добиле ниту известување од управата оти ќе работата и во сабота и недела.  Некои, пак, кои  успеале да ги видат  известувањата  биле принудени да  работат  и за време на полициски час. Образецот за платите кој им е неопходен за добивање на  субвенцијата УЈП го доставила доцна во ноќта, а сметководителите  имаат рок уште денеска да го пополнат и достават.

Од ујп пак информирата дека рокот за аплицирање е пропишан во уредбата и нема можност за негово пролонгирање. Оттаму појаснуваат дека  системот на управата работи и е достапен 24 часа  и има капацитет да ги процесира сите  барања. Оние барања кои беа одбиени и  повторно се доставени со потребите корекции,  тврдат од УЈП.

Инаку за мерката субвенција за плата поднесени се барања за над 21 илјада фирми. На нивните сметки треба да легнат 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата. Најголем дел од барањата се од угостителскиот сектор.