Живот
19. March 2018 - 15:44

Смртоносен пад: Акробат загина изведувајќи точка во циркус

Акробат на светскиот познат циркус Цикл де солеј почина во саботата навечер по падот во текот на изведување на претстава во Тампа на Флорида.

Акробатот Јан Арну падна додека изведуваше точна на висечка лента. Тој веднаш е префрлен во болница, каде по неколку часа борба на лекарите за неговиот живот, несреќното момче им подлегна на повредите.

„Големото семејство на Циркл де солеј е во шок“, нагласи претседателот на оваа трупа Даниел Ламар.

 

A post shared by Yann Arnaud (@yannarnophoto) on