Свет
4. January 2018 - 11:17

Снег ја затрупа Кина: Поради снежната бура затворени училишта, аеродроми, има мртви и повредени

Едно лице загина, а 20 се повредени во снежните наноси кои ја затрупаа централна Кина.

Снежни бури ги зафатија провинциите Шанси, Шенси, Хенан, Шандунг, Анхуеј и Џангсу, каде пана снег до 20 см.

Во градот Хефеј, во провинцијата Анхеј, покрив од автобуска станица се урна под дебелиот слој снег врз луѓето што чекаа, при што едно лице загина, а 20 се повредени.

Националната опсерваторија на Кина издаде висок степен на предупредување за снегот, второ по ред предупредување од највисок степен оваа недела. Бројни училишта во загрозените области се затворени, како и најмалку 3 аеродроми се затворени, деодека на 9 дојде до одложување и презакажување на летовите. Затворени се аеродромите Хефеи Синиќао, Фујанг Сугуанг, Џининг Чуфу додека на останатите аеродроми некои писти се затворени, а одложени само одредени летови.

 
 
Како што се наведува главниот меѓународен аеродром во Пекинг кој е и најпрометен исто така има одредени одложувања.
Државниот Метеролошки завод ги повика домашните власти да преземат мерки за претпазливост на патиштата и пистите како и при снабдувањето со електрична енергија и телекомуникации.