Снег на Попова Шапка, Маврово и Стража, магла кај Страцин
Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и Стража кој во моментов не се задржува на патот. Појава на магла со видливост до 150 метри има на Страцин, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
АМСМ потсетува дека е во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто