Снег во Пијанечко-малешевскиот регион
Пијанец и Малешевијата се под нова снежна покривка. Поради тоа сообраќајот на локалните и регионалните патишта од утрово се одвиваше отежнато, но посериозни проблеми, како што информираа од подружницата на ЈП „Македонија пат“ не се забележани.
-Како резултат на ладна воздушна маса околу 5 часот утрово имавме доста лед по коловозите. Наши екипи со механизација интервенираа со посипување на потребната количина сол. Долж патните правци Делчево - Пехчево - Берово, патот до граничен премин Делчево, село Разловци, како и други помали патишта под наша надлежност немаме јавувања за проблеми, информираа од подружницата на „Македоднија пат“.
Оттаму апелираат на внимателно возење и почитување на сообраќајна сигнализација и условите на патот.
Снежната покривка во Пијанечко-малешевскиот предел е особено изразена на повисоките места во селските средини, а со помал интензитет и во општините Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица.
Ново на Сител
-
СДСМ: Го штитиме и унапредуваме стандардот на народот
-
Потпишување Протокол за соработка меѓу републичкото Јавно обвинителство и МВР
-
Денеска протест на здравствените работници за повисоки плати
-
Македонија ќе ѝ донира хеликоптери на Украина
-
Ван дер Белен: Македонскиот воз тргна кон ЕУ, од Вас зависи со која брзина ќе стигне во Брисел
-
Се подготвува „увоз“ на работна сила од странство, издадени работни дозволи за лица од Непал и Пакистан
-
И хигиенските производи со замрзната цена, следуваат одлуки за овошјето и зеленчукот
-
Националните архиви од поранешна СФРЈ на состанок во Скопје