Снегот го отежнува сообраќајот
- Снегот што од синоќа интензивно паѓа предизвика застои во сообраќајот на неколку патни правци, особено во западна Македонија.
АМСМ и ЈП Македонијапат информираат дека од 06:20 часот е воведена забрана за движење на камниони на регионалниот пат Дебар-Маврово.
Од 05:30 часот забрана за сообраќај на камиони има на магистралниот пат Гостивар - Кичево, преку планинскиот превој Стража.
Сообраќајот на другите државни патишта се одвива отежнато по влажни коловози. Снег врне кај Страцин, на Маврово, Стража, Буково, Ѓавато, Попова Шапка, Пресека и во Смојмирово.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Снегота засега не предизвикува застои во авионскиот и железничкиот сообраќај.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра