-->
-->
Снимен моментот на експлозијата на аеродромот во Истанбул
-->
На аеродромот во Истанбул одекнаа две експлозии, а се слушнале и истрели, пренесува „Reuters“, повикувајќи се на локални медиуми.
Турските власти изјавиле дека причина за експлозијата е самоубиствен напад или бомба, јавува „CNN Turk“. Како што е наведено пукање се слушнало од паркингот на аеродромот.
Сведоците изјавиле дека таксистите ги транспортирале повредените.
Министерот за правда на Турција, Бекир Боздаг изјави дека, според достапните информации, во терористичкиот напад во Истанбул загинале десет луѓе, а повредени се десетици други.
- Според информациите со кои располагам, еден од терористите најпрво од автоматска пушка почнала да пука на влезот од терминалот за меѓународни летови, а потоа го активирал експлозивот на себе, - изјавил Боздаг.
На друштвените мрежи се објавени неколку фотографии и видеа на кои се гледа аеродромот после експлозиите...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема
-
Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор утврдил сомнителни набавки од Владата на СДСМ
-
Расте потребата од образовни асистенти
-
Пристап до безбеден абортус е здравствено право на секоја жена