„Се надевам дека луѓето видоа колку ниско сум паднала, и дека ако тие најдар надеж во тој стадиум кога се подолу од дното, знаат дека постои шанса, дека и тие може да се вратат, рече 28-годипшната мајка, сега со голема насмевка на лицето,
Таа почнала да пие лекови против болки уште на 15 години, но кога се видела себеси на постер за предупредување на младите, почувствувала вистинско понижување. Сепак, тоа и ја натерало да си го смени животот.
„Мојата слика која ја објавија дефинитивно ми се вража во глава и ми помогна да сфатам што ќе ми се случи ако ми падне на памет да попуштам повторно“, рече таа.
А посебна мотивација пронајде во Паркер, нејзиниот син кој имал само 10 месеци кога полицијата ја најде предозирана.
„Не бевме никако поврзани, што беше многу тажно“, рече Ерика која била чиста во текот на бременоста со него, но почнала да се дрогира два месеци по породувањето.
„Бев само физички присутна, но не и ментално. Ги пропуштив сите негови први чекори, првата насмевка и се што беше важно“, рече таа.
Сега, вели, нераздвојни се и заедно го слават животот кој е пред нив. Во текот на Ноќта на вештерките заедно одеа по слатки низ соседството, па така тропнаа и на вратата од полициската станица од која се полицајците кои ја спасија тој кобен ден.
„Немате поим колку сум среќен кога гледам дека Ерика е добро и дека е заедно со нејзиниот прекрасен син“, рече Талент, полицаецот кој и го спаси животот.