Македонија
4. August 2022 - 15:39

Со „бмв“ дивеел низ Тетово, приведен 23-годишник со живеалиште во Швајцарија

Приведен 23-годишник од Тетово со времено живеалиште во Швајцарија, кој со возилото бил затекнат како создава бучава.

– На А.М. (23) од Тетово, со привремено живеалиште во Швајцарија, му е одземено патничко возило „Бе-ЕМ-Ве“ со швајцарски национални ознаким затоа што со возилото го нарушил јавниот ред и мир, односно бил затекнат при зголемување на бучавата на возилото и нагло зголемување на брзината со чкрипење на пневматиците, информираат од СВР Тетово.

Според полицијата, возилото било задржано за вонреден технички преглед и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.