Loading Video...
Фудбал
22. September 2020 - 9:19

Со два гола на Ибрахимовиќ, Милан ја победи Болоња

Со двата гола на Златан Ибрахимовиќ, екипата Милан ја победи Болоња со 2:0 и триумфално ја започна новата сезона во Серија А. 
 
Швеѓанецот потврди дека е во одлична форма па веќе во 35.минута по центаршут на Хернандез, Ибрахимовиќ го постигна првиот гол. 
 
По пет минути игра во второто полувреме беше досуден пенал за Милан кој го реализираше Ибрахимовиќ за 2:0 што се покажа и конечен резултат на натпреварот, иако Швеѓанецот имаше и голема можност да постигне и хет-трик, но откако го помина и голманот на Болоња, промаши празен гол.