Loading Video...
Свет
23. July 2021 - 16:29

Со една година задоцнување почнаа Олимписките игри во Токио

Во јапонската престолнина почнаа Летните Олимписки игри.

Свечената церемонијата се одржа на новоизградениот олимписки стадион во присуство на само 950 вип гости. Првично беа планирани 70 000 луѓе, но Ковид пандемијата го промени планот. Традицонално дефилето се отвори со грчките спортисти а знаемето на секоја учесничка држава за првпат го држеа двајца припадници од тимот – маж и жена. Поради пандемијата игрите почнаа со една година задоцнување а за првап во историјата, олимписките трибини ќе останат речиси празни. Ќе се натпреваруваат 11 000 спортисти од 206 земји. Македонија ќе ја претставуваат 8 натпреварувачи.

Многу луѓе во Јапонија бараа спортискиот настан да се одложи поради став дека игрите можат да станат супер распростанувач на делта сојот на корона вирусот.