Loading Video...
Спорт плус
14. April 2020 - 15:04

Со „Најдобрата асистенција“ собрани преку 200.00 евра за шпанскиот црвен крст: Маица на Надал продадена за 20.500, Сајнц инкасира 9.000, а фудбалерот Љоренте 8.100 евра

Иако спортот е во „тотален карантин“  сепак голем е бројот на спортисти кои низ разни акции се обидуваат да дадат личен и колективен придонес во борбата против пандемијата на Корона вирусот. 
 
Таков во низата на настани е оној на Кошаркарската федерација на Шпанија, земја која е во топ трите најпогодени од пандемијата. 
 
Под мотото „Најдобра асистенција“, шпанските спортисти, се приклучија во продажба преку лицитација на бројни лични реквизити. 
 
Аукцијата од која собраните средства ќе одат како донација на шпанскиот црвен крст, а насловена како „Нашата најдобра победа“, беше организирана по иницијатива на Пау Гасол и тенисерот Рафаел Надал. 
 
Најголема цена од досега собраните над  200.000 евра, постигна маицата со која Надал лани настапи и го освои парискиот Грен-слем, Роланд Гарос, а беше продадена за 20.500 евра. 
 
Втора најголема сума постигна комбилизонот на формула 1 возачот Карлос Саинц кој беше продаден за 9,050 евра, додека дресот на Маркос Љоренте кој фудбалерот на Атлетико Мадрид го носеше при постигнувањето на двата гола во победата на „јорганџиите“ над европскиот шампион Ливерпул и нивната елиминација во осминафиналето е продаден за сума од 8.100 евра, а купувачот е познатиот шпански комичар и водител Давид Бронцано.
 
Повеќе од 12.000 евра беа собрани од страна на легендарниот Хуан Карсос Наваро која за својот дрес со кој го одигра последниот меч во кариерата за Шпанија, беше продаден за 6.200 евра, додека патиките кој му ги потпиша Коби Брајант биле продадени за сто евра помалку односно 6.100 евра.
 
Во акцијата покрај спортисти од сите спортови, како велосипедистот Контадор, формула 1 возачот, Саинц, но и луѓе од јавниот живот меѓу кои и актерот Антонио Бандерас