Џет-Сет
17. February 2019 - 14:12

Со неговите хитови пееше и се веселеше регионот, оваа песна и ја посвети на сопругата, а со овие стана музичка легенда

Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија. Во текот на богатата кариера во медиумите и од публиката беше наречен „крал на народната музика“.

Ѕвездата на народната музика, загина откако во неговиот автомобил, во кој бил со возач и кумот, удрил друг автомобил на патот во околуната на Билефелд во кој пеел

Првиот албум на Шабан Шаулиќ излезе во 1969 година, кога имаше само 18 години.

Во 1985 година Раде Вучковиќ му ја напиша песната „Гордана“ која Шабан и ја посвети на својата сопруга. Песните „Дојди да остариме заедно“ и „И два галеба бела“ се сметаа за најдобри некогаш отпеани народни песни.

Освен овие песни, големи хитови на Шабан Шаулиќ беа и „Увенуче нарцис бели“, „Сине“, „Данима те чекам“, „Снежана“, „Одлазиш, одлазиш“, „Позн’о бих те меѓ хиљаду жена“ и други.

Првата сингл плоча „Дајте ми утјеху“ ја сними во 1969 година за ПГП-РТБ. Оттогаш сними 22 сингл плочи и повеќе од 30 албуми.