Loading Video...
Кошарка
19. February 2020 - 14:54

Со поддршка од трибините до победа над Естонија, едногласни се македонските кошаркари

Со неколку дилеми околу составот кои треба да бидат разрешени вечерва на последниот тренинг машката кошаркарска репрезнетацоја на Македонија го чека стартот на новиот квалификациски циклус
 
Македонските кошаркари утре ќе ги започнат квалификациите за Европското првенство во 2021 година. Црвено-жолтите веќе неколку дена се во арената Борис Трајковски каде ги одработуваат подготовките, за разлика од нашиот прв противник Естонија која почна подоцна. Но, неколкуте здравствени проблеми што се провлекуваат во тимот се единствената причина поради која селекторот Александар Тодоровна сеуште нема решенмо со кои 12-мина ќе го игра мечот против Естонија. Затоа Тодоров очекува поддршка од трибините, која ќе биде неопходна за остварување на примарната цел победа над Естонија 
 
„Она што можам да го истакнам како промена од тогаш е дека одработивме еден циклус, осум тренинга и еден пријателкси натпревар. Нешто што особено ме прави задоволен е што сме комплетирани веќе одамна така што успеавме да ги поставиме работите кко што треба, да го организираме тоа што сакаме да биде наш стил на игра. Од тој аспект сум задоволен. Имавме мали проблеми, особено по ријателскиот натпревар со Гостивар, некаква вироза која оддалечи некои кошаркари од тренажен процес. Имаме некои ситни повреди, но нашиот медицински штаб тврди дека ќе бидат подготовени и за нашиот вечерен тренинг“ – потенцира Тодоров.
 
Со селекторот се согласуваат и искусниот Крстевски како и повратникот во селекцијата Димитриевиќ
 
„Имавме неколку тренинзи, можеби не беа премногу, но сепак доволно. Задоволен сум од сработеното како на тактички така и на  физички план. Наше е сега да се бориме на сите натпревари и да го оствариме тоа за кое ќе се договориме однапред. Максимално борбена игра за да го постигнеме посакуваниот резултат“ додаде Крстевски.
 
Натпреварот меѓу Македонија и Естонија кој е во рамките на Б групата ќе се игра утревбечер во СЦ Борис Трајковски со почеток од 20:15 часот. 
Во нашата квалификациска група истиот ден ќе играат Италија и Русија селекција која ќе биде следниот противник на Македонија и тоа веќе во недела во далечниот Перм. Потсетување дека Италија е еден од ко-домаќините на Евробаскетот догодина, па затоа од оваа група три селекции ќе имаат можност да се пласираат на завршниот турнир.