Loading Video...
Ракомет
20. December 2019 - 16:32

Со подмладен состав ја започна „операцијата„ Еуро 2020

Без носителите на играта во националниот тим селекторот Данило Брестовац денеска ја имаше првата прозивка за подготовките за настап на Европскиот првенство кое во јануари ќе се игра во Австрија, Шведска и Норвешка.
 
Искусните Лазаров, Ристовски, Стоилов, Манасков и уште неколкумина други интернационалци кои имаат обврски со своите клубови, на помладите ќе им се приклучат по новогодишната пазуза, односно за последните две контролки во Словенија со истоимената домашна селекција и репрезентацијта на Црна Гора. 
 
Затоа Брестовац дотогаш преку контролните дуели со Кувајт (на 25 и 26 декември во Србија), како и настапот на турнирот „Трофеј Карпати“ на кој црвено-жолтите ќе играат против Алжир, а во зависност од резултатот ќе се игра со Холандија или Романија, Брестовац ќе треба да реши кои од помладите ќе може да обезбеди место во тимот кој ќе патува на Европскиот шампионат. 
 
„Во овој дел од подготовките ќе треба да видиме кој може од овој тим да се наметне и ќе се придружи на завршните подготовки во Словенија. Имаат сите квалитет, но ќе мора да се докажат. Редно време е некој од нив да исплива на површина. Се ќе зависи од нив, околу тоа кој ќе се најде на ЕП 2020. Сакам да ризикувам, да фрлам млади играчи во оган, но ќе мора и тие да се докажат“, изјави Брестовац.
 
Македонската репрезентација која ќе игра во Виена, во рамките од Б групата, шампионатот ќе го започне против Украина на 10 јануари, по што ќе следува дуелот потоа Чешка на 12 јануари и на крајот на групната фаза ќе се соочиме со домаќинот Австрија на 14 јануари.