Со стратешки документ ќе се јакне националниот идентитет во дијаспората
Со нова 5 годишна владина стратегија ќе се јакне националниот идентитет во дијаспората. Министерот за надворешни работи ја презентираше нацрт везијата на овој документ, со кој ќе се обезбеди дигитална и брза услуга во дипломатските претставништва. Со националната стратешка рамка се обезбедува јакнење на јазикот, културата, спортот.
Документот е изработен во соработка со дијаспората, организациите кои ги претставуваат македонците ширум светот.
На јавната расправа која се одржа во Владата, присуствуваше и претседателката на државата која порача дека државата треба да размисли за носење на закон за дијаспората. Сиљановска Давкова смета дека е потребно да се направат унфицирани учебници и да им се даде шанса на најдобрите студенти да земат учество во работата на дипломатските и конзуларни претставништва.
На оваа јавна дебата учествуаа неколку министри од клучни ресори за подобрување на односите на матичната земја со дијаспората, претставници на здруженија на иселеници и припадниците на македонското национално малцинство и експерти.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
