Loading Video...
Спорт плус
29. July 2019 - 16:28

Соборен рекордот на 400 метри со пречки стар 16 години

 
 
 
Американската атлетичарка Далија Мухамад, постави нов светски рекорд во дисциплината 400 метри со пречки. 
 
Актуелната олимписката шампионка во оваа атлетска дисциплина, синоќа на американското првенство одржано во Дес Моинес, иако во тешки услови и мокра патека, успеа да истрча време од 52 секунди и 20 стотинки. 
 
Со тоа, Американката за 14 стотинки го подобри 16 години стариот рекордот на Русинката, Јулија Печонкина поставен во 2003 година на рускиот шампионат во Тула.