Македонија
26. November 2020 - 16:15

Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд

Собранието на Република Македонија попладнево на продолжение  на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд.

Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за  судија на Уставениот суд беше претходно завршен.

По изборот Кацарска даде свечена изјава за стапување на функцијата.

По завршувањето на 20. седница, пратениците преминаа на точките од 21.