Македонија
14. September 2019 - 15:38

Собранието ја разреши Катица Јанева

Собранието на Република Северна Македонија ја разреши специјалната јавна обвинитеклка Катица Јанева со 102 гласа „за“ без воздржани и против. За оваа одлука гласаа „за“ и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство.

Јанева е во притвор како третоосомничена за  случајот „Рекет“

На пленарната седница не се расправаше за извештајот на Советот на ЈО, туку само за предлогот за разрешување на Комисијата за прашања на избори и имемнувања.

Собранието, одлуката за разрешување треба да ја достави до Советот за јавни обвинители