Собраниска делегација на 20. Состанок МПК – Република Северна Македонија и ЕУ
Во Европскиот парламент во Стразбур денеска и утре ќе се одржи 20. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), на кој ќе учествува Делегација од Собранието на Република Северна Македонија.
Како што информира собраниската прес-служба, во состав на делегацијата се – Соња Мираковска, претседателка на Делегацијата, Фиснике Бектеши-Шаќири, заменик-претседателка, членовите Жаклина Лазаревска, Никола Мицевски, Иванка Василевска, како и заменик-членките на Делегацијата Снежана Калеска-Ванчева и Сафије Садики-Шаини.
На состанокот ќе бидат разменети мислења на теми поврзани со владеење на правото, животна средина и енергетиката, граѓанско општество и медиуми, добрососедските односи и регионалната соработка, како и за дијалогот Жан Моне меѓу Собранието и Европскиот парламент.
Состанокот ќе го отворат Андреас Шидер, претседател на Делегацијата на Европскиот парламент, како домаќин и Соња Мираковска, претседателка на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија.
-Во воведниот дел на настанот, ќе има размена на мислења за односите меѓу Европската унија и Северна Македонија со Микулаш Бек, министер за европски прашања на Чешката Република, во име на актуелното претседателство со Советот; Бојан Маричиќ, заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, во име на Владата на Република Северна Македонија; Микела Матуела, шефица на Одделот за Северна Македонија и Албанија, Директорат за соседство, во име на Европската комисија; Елза Фенет, шефица на Одделот за Западен Балкан, во име на Европската служба за надворешни работи и Илхан Ќучук, постојан известител за Северна Македонија во Европскиот парламент, информираат од Собранието.
Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и Европската унија (ЕУ) е формиран врз основа врз основа на Договорот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија (особено членот 114), Резолуцијата на Европскиот парламент од 10 март 2004 година, како и со Одлука на Собранието на 7 декември 2004 година.
Неговото формирање е одраз на цврстата државна определба за полноправно членство во ЕУ, како и на заложбите на Собранието преку парламентарен дијалог да придонесе кон процесот на евроинтеграција. Основна цел на МПК е разгледување на сите аспекти на односите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, особено имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
Комитетот формално придонесува кон издигнување на повисоко ниво на односите и соработката на Собранието со Европскиот парламент, на неговата улога во Спогодбата налага обврска за Советот на ЕУ, Европската комисија и Владата на Република Северна Македонија за нивно целосно учество во неговата работа и редовно информирање на секој состанок на МПК за степенот на спроведување на Спогодбата.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок