Македонија
20. October 2016 - 12:34

Соголен: Од куќа на битолчанец украдени над 12.000 евра

Вчера утро во 09.50 часот во ПС Битола, М. Г.(88) од Битола пријавил дека во периодот од 10.00 часот на 15.10.2016 година до 22.00 часот на 18.овој месец во неговата куќа непознат сторител одзел 12.600 евра во разни апоени. Екипа на СВР Битола извршила увид на местото на настанот.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.