Сомнителниот куфер во Косовска Митровица бил празен
Улицата во населбата Бошњачка махала во северниот дел на Косовска Митровица околу 11 часот е повторно отворена за сообраќај, откако е утврдено дека оставениот куфер бил празен, по што од безбедносни причини е уништен.
Полицијата изутрината блокираше дел од улицата поради сомневањата дека во оставениот куфер се наоѓа експлозив.
Регионалниот шеф на оперативната Косовска полиција, Жељко Бојиќ изјави за Танјуг дека куферот бил празен, но по проверката на содржината, која ја спровеле специјализираните сили од безбедносни причини, уништен е на лице место.
- Куферот беше празен, но бидејќи со рентгенскиот преглед е утврдено дека во конструкцијата се наоѓа метална шипка, куферот од безбедносни причини, со мала количина експлозив е безбедно уништен на лице место, рече Бојиќ.
Ново на Сител
-
Техничка грешка ги остави матичните без најавенот зголемување
-
20тина болни со ретки болести имаат терапија за само уште еден месец
-
Агенција за млади и спорт: Да се отворат спортските сали во Прилеп
-
Половина милион државни службеници во Велика Британија излегоа на протести барајки повисоки плати
-
СДСМ даде поддршка да продолжат разговорите со Алијанса - кои сектори ќе ги превземе Таравари?
-
Ахмети ги повика Македонците да им се приклучат на Албанците на патот кон ЕУ
-
Шаќири со нов рок - учебници ќе има од септември
-
Субвенции ќе има и за поддршка на домашниот туризам