Сончево и топло до 19 степени, од среда заладување
Сончево време со максимална температура до 19 степени ќе преовладува денеска во земјава. Попладне се очекува зголемување на облачноста и според најавите на синоптичарите ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од од -1 до пет степени, а максималната ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и слаб до умерен северен ветер и со минимална температура од два степена и максимална до 17 степени.
Веќе од вторник повторно следува период на променливо облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег дури и на некои пониски места.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење