Македонија
12. August 2015 - 8:23

Сончево и топло со температури до 38 степен

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и ретки грмежи особено во западните делови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 31 до 38 степени. 

Во Скопје слично време, сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во охридско-преспанскиот регион времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови можно е да има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 32 степени.

Во дојранскиот регион сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе достигне до 37 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време, во попладневните часови со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

За време на викендот и во почетокот на наредната недела се очекува нестабилноста да биде поизразена и застапена на повеќе места.