Македонија
5. April 2016 - 8:14

Сончево и топло време, уживајте додека трае

Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност поизразена во западните делови од земјата и која ќе се преместува во текот на денот и кон источните делови. Ќе дува и слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до десет, а дневната од 22 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер, попладне со малку зголемена облачност.  Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови и понатаму ќе се задржи релативно топло за овој дел од годината. Ќе продолжи да дува јужен ветер кој од четврток и петок повремено ќе биде и засилен. Зголемено наоблачување со постепен пад на дневната температура ќе настапи од петок кога ќе има услови за краткотраен дожд, а во сабота врнежи се очекуваат на повеќе места.