Македонија
12. September 2018 - 8:28

Сончево и ветровито

- Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер поизразен на северот.
 
Утринската температура ќе се движи од осум  до 19 степени, а дневната температура од 24 до 31 степени. 
 
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 29 степени.
 
Во следните денови температурите ќе бидат во благ пораст, а во петок и за време на викендот повремено облачноста ќе се зголемува