Македонија
20. December 2015 - 8:00

Сончево и ветровито време

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северозападен правец. Утрото ќе биде ведро и студено.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од осум до 16 степени.

Во Скопје утрото ќе биде магливо, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до девет степени.

И понатаму продолжува периодот на стабилно и суво време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Од понеделник дневната температура ќе биде релативно висока за овој период од годината, особено во среда и четврток и тоа во југоисточните делови од земјата и на повисоките места, односно дневната температура во овие два дена ќе биде во интервал помеѓу 10 и 19 степени.