Македонија
1. August 2015 - 8:24

Сончево време со мал пад на температурите

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност, со краткотраен пороен дожд и грмежи. 

Температурата ќе се движи од 26 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Температурата ќе достигне до 35 степени.