Бизнис
8. November 2019 - 16:48

СОНК и Владата се договорија, 10% повисоки плати од 1 јануари

10 проценти покачување од први јанаури. По три месеци преговори просветните работници и владата конечно се договорија. Платите во основното,  средното и високото образование  ќе се зголемат за 10 отсто и тоа од почетокот на иднатата година, а не од април  како што беше првичната  понуда од владата.  Со ваквата одлука и официјално генерален штрајк меѓу просветарите нема да има. Според министерот Адеми просветарите заслужуваат и повисоки плати но засега можностите се тие. Вели дека со новото зголемување ќе се подобри достоинството на професорската фела.

Од синдикатот велат дека иако е постигнат договор , следат нови рунди преговори за нови прашања -  воведување на К-15 , исплата на прекувремените работни часови почитување на колективни договори.

Вчера просветарите одлучија да го стават во мирување најавениот генерален штрајк  се до постигнување на договор.

На стартот на преговорите просветниот кадар бараше покачување на платите од 25 отсто,  пропорционално со процентот на зголемување на минималната плата во изминатиот период.

Сонк организираше предупредувачки штрајк и на  први септември поради што учебната година започна со еден ден задоцнување.