Македонија
31. March 2016 - 18:46

СОНК: Ременски 4 месеици го кочи нормалното функционирање на синдикалните организации

СОНК најави дека ќе ја пријават Ременски во интернационалната конфедерација за образование во Европа и сите надлежни органи доколку не ги регистрира новоизбраните синдикални организации и претседатели.  Повеќе од 4 месеци откако е поднесена  целокупната документација министерството не постапува а со тоа го оспорува работењето и функцијата на СОНК. Лани на редовни избори било избрано ново раководство, кои сеуште немаат легитимитет за функцијата бидејќи имињата не им се заведени во централниот регистар. Претседателот на СОНК реагира бидејќи тех министер Ременски селективно постапува, знаејќи дека во меѓувреме регистрирала десетина организации од дурги синдикати.

Без регистрација членовите на синдикатот не можат ниту да ги користат средствата од фондот наменети за помош и поддршка. Од СОНК забележуваат и што техничкиот  министер Фросина  Ременски во периодот во кој е на функција не го свикала ниту Економско-социјалниот совет.