Македонија
24. August 2018 - 8:52

Сообраќајка во Дебар Маало, има повредени - сообраќајот во прекин

- На крстосница на улиците „Аминта Трети“ и „Орце Николов“ во скопско Дебар Маало утрово се случи сообраќајка несреќа во која има повредени лица. 

 

Се судрија автомобили „Фиат линеа“ и „Цитроен Ц3“. Повредените лица со возило на брза помош се пренесени на некоја од скопските болници.

 

На местото на несреќата е присутно возило и на Противпожарната служба.

Сообраќајот привремено е во прекин.