Македонија
4. September 2017 - 18:53

Сообраќајна несреќа во Козле - се преврте автомобил

Сообраќајна несреќа попладневно се случи во скопско Козле, каде автомобил се превртел по судар со друго возило.

Сведоци за Нова Македонија велат дека возилото кое се удрило во превртеното возило излегувало од споредна улица., а несреќата се случила во близина на бензинската.

Неофицијално, возачот во превртеното возило не е тешко повреден. 

Се очекуваат детали.