Сообраќајните контроли откриваат многу примери на непридржување на уредбата за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз
Од 74 казнети во изминатото деноноќие за неносење заштитни маски за спречување на коронавирусот дури 48 се лица кои се однесувале спротивно на владината уредба и не носеле маска кога се превезувале во такси-комбиња и сличен јавен превоз, информираат од СВР Тетово.
-Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово деновиве значително ги интензивираше активностите за контрола на возилата кои вршат јавен превоз, автобуси и комбиња, пред се како и колку тие ја почитуваат владината Уредба за задолжително носење на заштита на лицата и протоколите за работа, односно колку патници превезуваат и дали се придржуваат на максимално дозволениот број патници, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Речиси редовно при сообраќајните контроли на јавниот превоз, полицајците наидуваат на состојба во која само малкумина носат маски за заштита.
-Активностите со несмалена динамика ќе продолжат и наредните денови и нема да се толерираат никви пропусти и недостатоци на овој план, а покрај физичките ќе се санкционираат и правните лица и возилата ќе бидат исклучувани од сообраќај, потенцира портпаролот Јосифоски.
Од 1 мај до 15 септември тетовската полиција евидентирала 3.676 поднесоци за неносење заштини маски.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња