Loading Video...
Свет
17. May 2020 - 16:31

Сопругата на албанскиот претседател, еден новинар и уште 28 лица се приведени на протестот против уривање на Националниот театар во Тирана

Сопругата на албанскиот претседател Илир Мета, еден новинар и уште 28 лица се приведени на протестот против уривање на зградата на Националниот театар во Тирана. Полицијата и демонстрантите се судрија и вчера, но и изутрината. Извлечени беа група уметници и опозициски политичари од зградата пред надлежните со механизација да ја урнат зградата. Опозицијата бара објектот, кој е изграден од Италијанците за време на Втората светска војна да биде заштитен како историско наследство, а власта, пак, сака да изгради нов, модерен театар. Битката за Националниот тетар трае веќе две години, а општинските власти во Тирана во четвртокот преку онлајн состанок дадоа власти за уривање на зградата.

Кинескиот амбасадор во Израел, Ду Веи е пронајден мртов службената резиденција. Причините за смртта се уште се непознати, а 57-годишниот амбасадор бил пронајден во неговиот кревет. Засега смртта на амбасадорот не се третира како сомнителна. Кинеската амбасадата во Израел се уште не ја коментира смртта на Веи. Функцијата ја презеде во февруари годинава, откако претходно беше на чело на дипломатската мисија во Украина.

Во Германија по се изгледа нема да има задолжително вакцинирање против новиот коронавирус. Тамошните медиуми јавуваат дека германски претставници ги демантираат гласините за задолжителна вакцина. Во оваа земја единствно задолжителна е вакцината за морбили, но Уставниот суд се уште се нема произнесено. Во изминатиот период во германската јавност се отвори жестока дебата, но се појавија и теории на заговор според кои зад вакцините се кријат финансиски и други интереси. Иако се уште е рано за производство на вакцина и експертите демантираат дека ќе биде задолжителна.