Македонија
6. December 2019 - 10:36

Сопругата на Камчев имала температура и не дојде да сведочи

Со сведочење на бизнисменот Орце Камчев продолжи судењето за Рекет. Иако повикана и неговата сопруга, таа не дојде во судот. Камчев рече дека има зголемена температура и не е во можност да дојде да сведочи. За ова тој приложи и соодветна медицинска документација.
 
На почетокот на судењето, Обвинетиот Боки 13 повторно се пожали на лошата здравствена состојба на што судијата рече дека ќе биде повикана медицинска екипа да ја провери неговата состојба.
 
Зоран Јаневски