Македонија
16. March 2023 - 16:31

Сопствениците на обложувалници и казина најавуваат масовни протести ако се усвојат законските измени

Денеска предупредувачки, а во иднина масовни протести ако собранието забрани казина и кладилници близу училишта.. Асоцијациите на спортски обложувалници и приредувачи на игри на среќа, ги повикаа пратениците да гласаат против измени во законот за игри на среќа.. Велат, државата свесно се откажува од контрола на секторот кој годишно на буџетот му носи близу 300 милиони евра..

„Тука сме да испратиме јасна порака дека нема мирно да стоиме и гледаме како државата го носи најдеструктивниот закон во историјата кој ќе предизвика затворање на легалната индустрија на игрите на среќа и на широка врата ќе се отвори простор за сива економија и за криминалот“, изјави Васко Илијевски, АСОМ..

Законот е со европско знаме, но за двете здруженија е нејасно зошто и се брза на власта за носење на предложените измени.. Прашуваат, според која еу директива се бара затварање на кладилници и казина и организација на игри на среќа без државна контрола?

„Апелираме до пратениците да не наседнуваат на лажниот популизам што го шират противниците на легалните игри на среќа. Тие никогаш нема да кажат чии бизнис интереси штитат и нема да преземат одговорност за хаосот кој ќе следи доколку овие законски измени се усвојат“, изјави Горан Стоименов, АПИС.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека владејачкото мнозинство го злоупотребува европското знаме за да го усвои законот за игри на среќа.. Имале сознанија дека тој се носи по барање на вицепремиерот Артан Груби..

„Група свиркачи до ВМРО – ДПМНЕ изнесоа сериозни аргументи дека ваквото законско решение го има пишувано еден вицепремиер кој неколкукратно ќе го зголеми своето лично богатство доколку овој закон биде донесен. Пред неколку месеци пратеничката група на вмро – дпмне спречи донесување на автентично толкување за формирање на паралелна државна видеолотарија, неуспешен процес кој се одвиваше под покровителство на артан груби, но изгледа дека клишето “криминалецот се враќа на местото на злосторот“, се применува“, изјави миле лефков, вмро-дпмне..

Оддалечувањето од училиштата и зголемените давачки според организаторите на игри на среќа ќе предизвикаат отпуштање на 10 илјади вработени..