Македонија
17. May 2020 - 16:32

Сопствениците на пловила и музеите и галериите во Охрид меѓу најпогодените од епидемијата од Ковид-19

Бројните прошетки по охридското езеро кои претставуваа вистинска атракција за туристите изостанаа поради состојбата со корона вирусот. Сопствениците на пловните објекти наредени покрај кејот, стрпливо ги чекаат посетителите кои ќе изразат желба да ги видат убавините на градот од вода.Доколку лани имале и по десет прошетки до атрактивните локации моментално едвај реализирале и по една тура на ден.

Иста е сликата и во музеите и галериите во Охрид тие сеуште се под клуч ги нема бројните посетители да го видат вредното културно наследство,но сепак од Завод и музеј се оптимисти бидејќи дел од најавените посети сеуште не се откажани .

Инаку измиинативе години токму Музејот на вода ,Самоиловата тврдина ,Златната соба ,бројните цркви и секако прошетките со бродови и катамарани беа најбарани од страна на туристите. Дел од нив преку однапред склучени договори ги изнајмуваа пловилата за екскурзии на брегот на езерото ,некои организираа свадбени церемонии а други пак уживаа во ноќните крстарења.