Состанок на грчката организација за јавно здравје за превентивни мерки за заштита од високите температури
Поради високите температури во Западна Европа, Грчката национална организација за јавно здравје одржа состанок за превентивни мерки од високите температури и за да се информира јавноста, јави дописничката на МИА од Атина.
Акцентот бил ставен на упатствата што треба да ги следат ранливите групи граѓани како што се старите лица, бебињата и децата, бремените жени, хронично болните, спортистите и слично, но и оние кои се најмногу изложени на топлото време.
На состанокот, како што соопштуваат од Грчката национална организација за јавно здравје, било споменато дека посебно внимание треба да се посвети на бегалците и мигрантите и луѓето што живеат во сиромаштија и на старите лица кои живеат сами. Метеоролозите во Грција најавуваат топлотен бран од утре до петок во целата земја со температури до 40 степени.
Општина Атина презеде вонредни мерки за заштита на ранливите категории граѓани и од утре до петок, од 8 часот наутро до 20 часот ќе бидат отворени специјални климатизирани простории во неколку атински населби.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар