СП 2019 - Лазаров: Победа многу ќе ни значи, но се зависи од нас
По триумфот над Јапонија во првото коло македонските ракометари и во вториот дуел на во групата во минхен ќе играат со селекција од Азија. Овој пат е вицепрвакот Бахреин. Оваа селекција во првиот дуел загуби од Шпанија со 33:23. Во пресрет на дуелот капитенот Кирил Лазаров истакна:
- Победа со Бахреин би ни значела многу. Не очекувам тежок натпревар и голема борба. Мораме да сме максимално сконцентрирани и да одиграме најдобро за да можеме да се надеваме на победа. Пак се ќе зависи од нас. Важно е што здравствениот билтен е добар. Никој не се жали на повреди. Тоа ме радува, тоа значи дека сите можеме да дадеме максимум. Ме загрижува само тоа што од утре играме ден за ден. Нема да имаме пауза, нема да имаме време за анализирање, за рекуперација. Да не се повторувам дека ростерот ни е таков каков што ни е, подмладен, неискусен. Сакам да победиме и притоа сите да останеме здрави и без последици.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид