Спорт плус
7. May 2018 - 18:11

СП: По нормата и бронза за Бикова

Одличен настап на македонската параолимпијка Оливера Наковска – Бикова на Парасветското првенство во Чеонгју, Јужна Кореја каде освои бронзен медал во дисциплината воздушен пиштол и обезбеди директен пласман на Параолимписките игри во Токио 2020 година. 
Во конкуренција на 31 натпреварувачка Бикова го израмни  светскиот рекорд од 570 кругови, а во финалето го освои третото место со резултат од 214,3 кругови.
Покрај дисциплината воздушен пиштол, македонската репрезентативка пукаше и во дисциплината спортски пиштол – 25 метри и со резултат од 569 кругови влезе во финалето како четвртопласирана. Сепак, во финалето заврши како шеста.
За Наковска – Бикова ова е трет бронзен медал во серија, откако претходно се радуваше и на СП 2010 во Загреб, односно на СП 2014 во Сеул.