Кошарка
5. September 2019 - 19:49

СП: Победи на фаворитите, елиминирани Турција, Ц.Гора, Нов Зеланд, Германија....

На кошаркарскиот мундијал во Кина денеска средби од последното коло од првата фаза. Очекувано големите фаворити доминираа со убедливи победи.  САД ја совладаа Јапонија со 98-45 додека Франција ја декласира Доминиканската Република со 90-56.  Во поинтересните дуели Литванија загуби од Австралија со 87-82  додека Чешка беше убедлива против Турција со 91-76. Победа забележа и Грција во дуелот со Нов Зеланд од 103-97.

Според тоа во првото коло од втората групна фаза ќе играат:

СП КОШАРКА 1.КОЛО 
Полска - Русија
Аргентина – Венецуела
Србија - Порторико
Шпанија – Италија

САД - Грција
Бразил – Чешка

Франција - Литванија
Австралија – Д.Република