Ракомет
25. January 2021 - 19:51

СП Ракомет: Катар ја совлада Аргентина

Ракометарите на Катар ја совладаа Аргентина со 25-26 и сега ќе го чекаат расплетот од вечерашниот дуел помеѓу Хрватска и Данска за понатамошното учество на Мундијалот во Египет. 

Хрватска сама си ја решава судбината и со победа ќе оди во четвртфинале. 
Аргентина го доби првиот дел со 13-12 но во вториот дел следуваше пресврт и  со двата гола на Капоте, Катар влезе во сигурна завршница и не дозволи Аргентина да го избегне поразот.