Loading Video...
Фудбал
30. March 2018 - 19:02

СП Русија: Лев најплатен селектор

Покрај скапите фудбалерите кои ќе настапат на Мундијалот во Русија многу пари чинат и селекторите кои ги водат националните селекции.

Според податоците најскап е германскиот селектор Јоаким Лев со годишна плата од 3 милиони и 850 илијади евра. Веднаш зад него се селекторите на Бразил, Тите и на Франција Дешан со по 3,5 милиони додека рускиот  селектор Станислав Черчесов заработува годишно 2,6 милиони евра. 

Интересно што меѓу одлично платените тренери на национален тим е и Карлос Сејрош кој од федерацијата на Иран е платен 2 милиони евра годишно.

Најмала годишна плата има селекторот на Сенегал Алију Сисе 200 илјади евра. Тука на дното е и српскиот селектор Младен Крстајиќ со 300 илјади евра за една година.