СП: Србија 5-та во светот, оставка на селекторот
На кошаркарскиот Мундијал во Кина останува уште поделбата на медалите откако денеска завршија натпреварите за пласман.
Србија по подолго време останува без медал и го освои 5. Место во светската кошарка откако славеше во дуелот со Чешка со 90-81. Клучна за победата беше 3. Четвртина која Србија ја доби убедливо во 28-12. Најдобар поединец на теренот беше Богдановиќ со 31 поен.
По мечот селекторот Ѓорѓевиќ најави заминување од функцијата по неуспехот на Мундијалот каде Србија загуби токму од финалистите Шпанија и Аргентина.
Во мечот за третото место САД ја совладаа Полска со 87-74 со што го освоија 7. Место што е најслаб пласман на јенките на мундијалите.
Донован Мичел со 16 поени и 10 скока беше најдобриот поединец во победничката екипа.
Утре се играат натпреварите за медали. Во малото финале играат Австралија и Франција додека за златото ќе се борат Шпанија и Аргентина.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар