Loading Video...
Ракомет
8. August 2019 - 19:42

СП У-17: Да се совлада Нигерија

Македонската ракометна репрезентација вечерва игра во рамките на СП првенство за кадети со селекцијата на Нигерија. Меч за прва победа на мундијалот кој се игра во Скопје во салата Борис Трајковски со почеток во 20.30ч.

Ова е важен меч за  нашата репрезентација откако бевме поразени на стартот од селекцијата на Аргентина.  Селекторот Брестовац го оцени нигерискиот тим како физички силен и побара борбеност од своите пулени особено во одбраната за да се оствари посакуваната победа која ќе не остави со шанси за влез во осминафиналето.  Да потсетиме и Нигерија со пораз го започна Мундијалот и тоа од Бахреин со 36-28.

Денеска на Светското првенство се играат вкупно 6 натпревари.  Во досега завршените два Јапонија го совлада Бахреин со 27-24 додека без победник 28-28 заврши дуелот помеѓу селекциите на Норвешка и Шпанија.

До крајот на денот треба да се одиграа уште дуелите Аргентина Данска, Чиле – Хрватска, Словенија – С.Арабија и Македонија – Нигерија.